Пелистер Волеј – Јанта Волеј Форца 3:0
(25:17; 25:11; 25:16)
Одбојкарките во Пелистер Волеј во пионерска конкуренција со победа во Битола, на домашен терен во салата на Медицинското училиште, над екипата на Јанта Волеј Фирца се на чекор до влез во Ф4, во завршниот турнир.-Со денешната победа има за што да се гордееме, победа во натпревар во кој се беше на наша страна и сосема заслужено сме на чекор меѓу најдобрите четири во оваа категорија, што само по себе е голем успех, велат од Пелистер Волеј.
Поените ги освоија: Мила Андоновска 13, Тамара Георгиевска 11, Мартина Талевска 9, Ева Мијакова 8, Антониа Стојкоски 5, Ива Лазаревска 3 и Марија Митревска 1.