Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола.
Човекот не реагира на она што му се случува од надвор, туку како случувања ги толкува и усвојува.
Нашата реалност е одредена со нашите толкувања на реалноста и нашата перцепција. Ние ја одредуваме својата перцепција. И одговорни сме за неа. Истата случка може да има различно значење за различни луѓе. Да споредиме со еден пример. Ако ставите наочари со розево стакло, се ќе гледате розово. Ако стакло е црно, се ќе гледате затемнето. Разликата помеѓу нашите убедувања (верувања) и наочарите е во тоа што кога носиме наочари знаеме дека носиме наочари и дека тие ја обојуваат сликата која доаѓа од окото.
За жал „нашите наочари“ низ кои го гледаме на светот, а тоа се НАШИТЕ УБЕДУВАЊА (верувања), кои најчесто силно ја искривуваат сликата кога се гледаме самите себеси. Сите ние мислиме дека нашите убедувања (уверувања) се одраз на реалноста. Во тоа и лежи најголема опасност. А тоа се:
Цврсти убедувања (уверувања)
Најголеми проблеми ни создаваат оние кои ги нарекуваме „ЦВРСТИ УБЕДУВАЊА (верувања)“. Наместо да ни донесат конструктивна животна одлука која би им го подобрила животот, луѓето на нејзино место поставуваат некои цврсти верувања кои се негативни и кои толку го обојуваат перцепирањето и мислењето да стануваат негов составен и непроменлив дел.
Пример: Цврстото верување на параноикот е дека цел свет е против него. Се што се случува ќе толкува во склад со тие убедувања. Во љубезната постапка ќе бара скриена намера, подметнување, одвлекување на неговото внимание… Цврстите верувања се нешто кое го сметаме за точно и вистинито и воопшто тоа не се доведува до прашање, не го проверувате.
Негативните убедувања
Ако цврстите убедувања се негативни можат да ви го уништи животот. Тоа се убедувања со ограничувања. Често и не сте свесни за нив, затоа што толку долго ги имате, па навикнати сте на нив и не ги ни приметувате, а тие пополека и подмукло ви ја трујат и ги подриваат сите ваши напори да успеете во животот. Тие ја обојуваат сликата на светот околу вас. Вие ја создавате и ја боите вашата слика на светот бидејќи тоа се ваши убедувања. Вие ги одржувате, не ги признавете и така губите спосообност да ги проверувате и менувате. Ако не ги проверувате, вашата перцепцијуа е “бајата“ и се заснова на закључоци од вашето МИНАТО.
Вашето минато ја одредува вашата иднина. Така вашето минато ја одредува, вашата иднина. Постои изрека која кажува Ако мислиш дека можеш, во право си, Ако мислиш дека не можеш повторо си во право, Она што го мислиш, тоа и ќе го направиш… така си во право.
Принцип на реципроцитет
Од луѓето го добивате она што го давате. Тoa се вика принцип на реципроцитет. Ирационални претстави и убедувања го одредуваат вашиот начин на комуникација со луѓето. Стилот и начинот и ниво кое го користите во комуникацијата со луѓето ја одредува ноивната реакија спрема вас. Таа реакција ќе го потврди вашето доживување на светот.
Постојат бројни типични начини на кои луѓето ја обликуваат својата перцепција на светот, се однесуваат спрема уверувања кои произлегуваат од таква перцепција која се потврдува бидејќи од луѓето добиваат реакции кои ги користат како „оправдани аргументи“’ за тоа дека се во право, дека нивната перцепција е исправна од уверувањата од кои тргнуваат.
Затоа своите убедувања (верувања) мораме да ги тестираме за да видиме дали нашето доживување на реалноста е таков за да ни дава права насока за акција која ќе не доведе до реализација на посакуваните цели.