Press "Enter" to skip to content

Библиотеката од Битола домаќин на Регионалната средба на хортикултурни библиотеки

Денес во просториите на Библиотеката се одржа Регионалната средба на хортикултурни библиотеки во организација на НУУБ “Св. Климент Охридски“-БитолаБиблиотеките од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и за прв пат од Црна Гора, денеска и утре ќе имаат прилика да разменат искуства, како и да осмислат понатамошни активности кои ќе ги унапредат програмите на библиотеките и ќе овозможат ширење на хортикултурната библиотечна мрежа.Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола од 2017 година активно учествува во промоцијата на хортикултурни библиотеки и со задоволство ја прифати поканата на иницијаторот Мирко С. Марковиќ, библиотекар советник и управител на регионалната мрежа, за организација на Регионалниот собир на хортикултурни библиотеки.Битола е град во непосредна близина на Националниот парк Пелистер, така што има голем потенцијал за развој на нови хортикултурни содржини во библиотечната дејност.Библиотеките во нашата држава со својата местоположба можат да го развиваат овој нов библиотечен концепт и да им ги понудат новите содржини на своите корисници.

More from ВестиMore posts in Вести »