Press "Enter" to skip to content

Титулите во боди-билдинг се вратија во Битола, Пецаковски два пати апсолутен победник освои “про-кард“, Николовски балкански првак (фотогалерија)

-По одржаните три натпревари, два во Македонија и еден во Србија, квалификации за балканско првенство, Балканско првенство и “Херкулес Гран При“ – меѓународен куп, билдерите од Битола, Божидар Пецаковски и Томче Николовски, со освоените титули го вратија боди-билдингот каде и му е местото, во Битола.Титулата апсолутен првак од купот “Херкулес Гран При“ во Битола ја донесе “Божидар Пецаковски кој се натпреваруваше во тешка категорија каде беше и апсолутен победник. Претходно беше победник во тешка категорија на Балканското првенство во Србија, во тешка категорија, а и второпласиран во “класик“ категоријата, а победи и во квалификациите за Балканското. Тој за себе и за своите почетоци, за тоа како да го претставиме пред битолчани, ни рече:-Јас сум од Битола, а почетоците како на секој битолски билдер ми се во маалската теретана. Потоа тренирав на различни места, а сега сум член и тренирам во фитнес клубот Паљо. Тука имам одлични услови за работа и можам да напредувам, а морам да ја нагласам и помошта и поддршката која ја имам од сопственикот Зоран Лазаревски – Паљо.Што се однесува пак до прашањето кое често ми се поставува колку долго се подготвувам за натпревар ќе кажам дека тоа е цел живот, од почетокот пред десетина години, а овој спорт не е, како се вели за преку ноќ, туку треба континуитет, тренирање долги години без прекин, со многу труд и одрекувања. Конкретно за финалните настапи се подготвувам интензивно седум месеци, а тоа е како кажав само надоградба на претходно сработеното, а за постигнатиот успех вели:-Задоволен сум од сите титули, а секако не е мала работа да се биде за брзо време апсолутен победник на две големи натпреварувања. Титулите ми дадоа уште поголема мотивација и продолжувам понатаму да работам со посилно темпо. Следна цел ми е да ја искористам формата која ја имам и да одржувам во текот на цела година. Првиот сериозен настап е Европското првенство во Шпанија за дваесетина дена и се надевам на успех.Пецаковски по двете титули сега има “про-кард“ што значи дека има право да се натпреварува наспроти светските билдери, професионалци, а за тоа вели:-Јас се сметам како аматер во овој спорт, иако сега ја имам, како велат најголемата награда, “про-кард“. Далеку сум во овој момент од таа профи категорија, но зошто да не во некое идно време може да се случи и учество на професионалните натпревари.

Томче Николовски е битолчанец и неговиот успех го поздравија битолските билдери и публика, иако настапи за скопскиот клуб “Магнус“. На почетокот од разговорот рече дека нема да биде изненадување да настапува за битолски боди билдинг клуб, а за себе ни рече:-Се занимавам со боди-билдинг 16 години, а почетоците ми се во теретаната кај Нове Хаџистојанов во Битола, каде научив многу работи. Имам учествувано на многу натпревари во Македонија, Романија, Србија и во Австралија. На квалификациите во Македонија за Балканското првенство во Срвија бев прво пласиран во “класик физик“ и  во полутешка категорија. На Балканското се натпреварував во “класик боди билдинг“ и бев првопласиран, а на “Херкулес Гран При“ во средна категорија бев второ пласиран, а во “класик боди билдинг“ го освоив третото место. Морам да кажам дека сум задоволен од постигнатите резултати, а продолжувам со работа за подобрување на формата и подобри резултати.

И двајцата за нивниот професионаен ангажман велат дека е боди-билдингот, работат како тренери, а поради презафатенот за настапите на натпреварите не биле цело време со нивните ученици.Селекторот на македонската репрезентација и главен судија, Зоран Лазаревски – Паљо за настапите на билдерите од Битола, во дресот на македонската репрезентација по овие натпревари вели:-Битола во македонската репрезентација се претстави со два билдери, еден од фитнес клубот Паљо – Божидар Пецаковски и Томче Николовски од Магнус од Скопје. Двајцата се натпреваруваа во повеќе категории и постигна значајни резултати. Морам да споменам и дека како репрезентација одлично се претставивме и освоивме многу медали на Балканското и Херкулес купот, а за битолските билдери додаде:-Пецаковски е апсолутен првак на Купот, а претходно победник на квалификациите за Балканското и Балканското првенство, а можамслободно  да кажам дека е најголем талент во Македонија, со оглед на тоа дека е млад, 26 години. Пецаковски сам тренира бидејќи како рече е фитнес тренер, тој е многу посветен на боди-билдингот, а јас му помагав за да се претстави во најдобро издание, пренесувајќи му дел од моето огромно искуство, преку совети, онаму каде нему му е потребно, во некои финеси во исхрана, дефинираноста на мускулите и настапот, кои тој како млад билдер не може сам да ги подготви за настапот. Вториот битолчанец, Николовски, исто така е одличен билдер и јас како селектор на репрезентацијата ги гледам како репрезентативци уште долго време, а истакнува дека за него назначувањето за селектор е посебна чест, бидејќи на тој начин е вреднувана неговата работа во изминатите долги години занимавање со овој спорт, иако не е од Скопје.

Божидар Пецоковски за дваесетина дена го очекува ново натпреварување, а тоа е Европското првенетсво во Шпанија, во Саната Моника, на кое со двете победи има право да се натпреварува. Дотогаш има малку време да ја доизбруси формата, а со нивните титули битолчани да се присетат на титулите на Паљото, Пеце, Ноки, Борче…, кои го освојуваа претходно.

Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »