Press "Enter" to skip to content

Во Битола 24 нови позитивни на ковид-19, оздравени 19, активни 126 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.908 тестови, а регистрирани се 127 нови случаи со КОВИД-19 и 123 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство од Битола се 24.

Од 123 оздравени пациенти од Битола  се 19.

До сега во Битола има 15.170 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 126 случаи.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени две починати лица, нема од Битола.

Направени сево Битола 67 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 50 и преку “Плодност“ 17.

Досега во земјата се направени вкупно 2.000.910 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 308.878, бројот на оздравени пациенти е 298.811, на починати е 9.265, а на активни случаи изнесува 802.

More from ВестиMore posts in Вести »