Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 17:26 (8:12)
Спортска сала „Антон Димитров“ – Бутел, Скопје, гледачи: 500
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски
Бутел Скопје: Чаневски, Трајчевски, Андревски 1, Младеновски 4, Стојановски, Ѓеоргиевски 1, Митев 3, Б. Спасовски 3, Бој, Спасовски, Блежаски, Јевтиќ, Василевски 1, Бошковски, Мајиќ 3, Давитковски 1
Еурофарм Пелистер: Секељи, Ивановски, Мараш, Ојлески, Маркоски 3, Маџовски 2, Кукуловски 1, Мандалиниќ 4, Радовиќ 1, Танкоски, Периќ 2, Божиќ Павлетиќ 7, Граџан 4, Обрадовиќ, Кизиќ 2.
Екипата на Еурофарм Пелистер во рамките на 5. коло од Супер лигата во ракомет со победа се врати во Битола од гостувањето во Скопје, победувајќи ја екипата на Бутел Скопје, со резултат 17:26, полувреме 8:12. Со оваа победа останува на лидерската позиција на табелата во плеј-офот.
Екипата на Бутел само на стартот на натпреварот беше резултатски изедначен противник, а по 7:8, “пелистерци“ дојдоа до +4 (8:12), со кој резултат се отиде на одмор. Вториот гол започна со игра “гол за гол“, а потоа “пелистерци“ се одлепија и победникот беше познат.
Најефикасен во Еурофарм Пелистер беше Јосип Божиќ-Павлетиќ со 7 гола, Граџан и Мандалиниќ со 4 гола.