Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, советници од позицијата, директорие на јавните претријатија од Битола, граѓани од овој дел на градот – “Довлеџик“ беа присутни на започнување на работите околу изградбата на новиот градски парк во Нова Битола.Коњановски и Илиевска информираа за динамиката со која ќе се уредува паркот кој покрај хортикултурно и партерно уредување, ќе содржи и спортски и детски реквизити, урбана опрема и соодветно осветлување.
-Општина Битола, проектот ќе го реализира во две фази, во соработка со јавните претпријатија од градот. Со уредувањето на оваа површина, која во досегашниот период воопшто не беше уредена и одржувана, Битола ќе добие нова зелена површина, која е многу значајна за подобрување на квалитетот на животната средина, а граѓаните ќе добијат и ново место за одмор и рекреација, како и за игра и забава на најмладите, рече градоначалникот Коњановски, кој додаде:
-Завршувањето на градешните работи и комплетното уредување на новиот градски паркво Нова Битола, ќе завршат идната година.
-Наместо ниви и кал или бетон и згради во иднина – Битола добива нов градски парк од 25.000 м2. Битола добива зеленило, Битола добива нов простор за одмор и рекреација, Битола добива простор за забава за најмладите. Денес, започнаа работните активности за изградба и уредување на нов парк во Нова Битола. Проектот кој се реализира на површина од 25.000 m² содржи: хортикултурно уредување, партерно уредување, урбана опрема, спортски реквизити, детски реквизити, осветлување.
Со проширувањето на градот во Битола се наметна и потребата за изградба на нови паркови и зеленило, токму затоа Нов градски парк беше и едно од нашите предизборни ветувања за приоритетна реализација. Нови паркови и зеленило пред станбени објекти, во сите населби, како и во руралните средини е наша заложба која ќе продолжиме да ја реализираме, рече Габриела Илевски, претседател на Советот на Општина Битола, која нагласи:
-Советниците од опозицијата сите беа поединечно поканети, но денес не се појавија на стартот на работите за новиот парк, не знам од кои причини.