Press "Enter" to skip to content

Концертиот клавир “Bösendorfer“, донација од Труфин Костовски, од Завод и музеј пренесен во Офицерски дом

Концертиот клавир “Bösendorfer“ од досегашната локација во Завод и музеј Битола денес беше пренесен во резидентната концертната сала во Офицерскиот дом при ЈОУ КИЦ-Битола.

Ова е несомнено голем настан за љубителите на класичната музика и културата воопшто. Со овој чин концертната сала при Офицерскиот дом на ЈОУ КИЦ- Битола, прераснува во еден од најекслузивните концертни простори за класична музика во регионот и отвора нови можности за презентирање на музичката култура од земјава и странство издигнувајќи ја ЈОУ КИЦ- Битола во рангот на културни установи со високи концертни перформанси.

Концертиот клавир “Bösendorfer“ е донација на Трифун Костовски, кој на Битола и го подари во 2002 година, на иницијатива на новинарот Драган Ристевски.

More from ВестиMore posts in Вести »