Press "Enter" to skip to content

Пелистер остана без финале во Купот, во Битола поразен од Силекс (фотогалерија)

Пелистер – Силекс 0:1 (0:1)

Фудбалерите на Пелистер во Битола, под Тумбекафе, пред повеќе од 1.000 љубители на фудбалот се поразени во полуфиналето од Купот минимално со 0:1, и со тоа ги заврши куп натпреварите. Битолчани го голем број дојдоа на стадион, иако зад Пелистер има лоша сезона, во која клубот пред пет кола е испаднат во Втора лига.Натпреварот започна со иницијатива на гостите од Кратово, а уште во 3. минута ударот на  Додевски го одбрани Трајчевски. Силекс повтовно преку Додевски во 21. минута имаше шанса, но топката заврши покрај голот. Домаќините играа рамноправна во средината на полувремето но тогаш прими гол и ја погоди мрежата на Пелистер за 0:1. “Пелистерци“ над ва пати се обидоа да погодат  преку Маневски и Глор.Второто полувреме започна со притисок на фудбалерите на Пелистер кој за неколку минути изведоа 5-6 корнери. Но, Маневски прво не стигна да шутира, а со тоа сериозно го загрозуваа противничкиот гол.  Во 54. минута Љамчевски биеше непрецизно, а Драгарски од само неколку метри двапати биеше во пречката, во ситуација кога беше досуден офсајд, што предизвика коментари. Силекс се обиде да дојде до втор гол, но втор пат едно по друго додје до финале.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »