Екипата на Пелистер од Битола веќе и математички е второлигаш, без шанси да се спаси од испаѓање иако до крајот на ова фудбалска сезона има уште 5 кола. Но, денес “пелистерци“ под Тумбекафе имаа голема шанса за пласман во финалето од Купот, да ја победат екипата на Силекс, која да потсетиме е второлигаш.
Тренерот Марјан Секуловски пред денешниот натпревар вели дека дека никој не смее да го потцени овој Пелистер кој покажал многу подобра игра за разлика од претходно во изминатите неколку натпревари, а за полфиналето од Купот рече:
-Сигурно е дека Пелистер ги фрла сите карти на Купот. Кога дојдовме до оваа фаза веќе, целта е да се победи во полуфинале и да се игра во финале. Ќе играме против квалитетен ривал, самата позиција на Силекс на табелата и победените натпревари го покажуваат тоа. Меѓутоа ние играме на домашен терен, имаме доволно мотиви да го извлечеме максимумот од секој играч и на крајот од мечот да се радуваме на пласман во мечот за титулата. Со натпреварите во пролетниот дел од првенството покажавме дека не сме за потценување. Неколку мечеви кои ги загубивме, ги губевме на крај или по наше невнимание, така што не сме во некоја подредена улога во овој Куп и не смееме да бидеме потценети. Се надевам дека со нашите “Чкембари“ за кои сум сигурен дека ќе дојдат и ќе ни дадат голема поддршка на крајот од мечот ќе славиме Куп-финале.
Што се однесува пак до здравствениот билтен на Пелистер, Секуловски додава дека сите играчи кои ќе му бидат на располагање.
Денес на стадионот “Петар Милошевски“ се игра само еден натпревар, нема реванш, а започнува во 16 часот.