Ротари Клубот Битола на својот редовен состанок изврши прием на два нови членови, Гордана Ристевска – Димитровска и Никола Трпеновски, кои го проширија ротаријанско семејство во Битола.
Во исто време Ротари Клубот додели “Paul Harris“ значка на својот долгогодишен член и истакнат Ротаријанец, Борче Стојановски, за особен придонес и развој на ротаријанството.