Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Папало, Митко и Васичо, заедно повеќе од 150 години на стадион под Тумбекафе во Битола

По подолго време, на новата, сега стара трибина, под Тумбекафе во Битола,денес попладне имаше повеќе од 1.000 битолчани кои дојдоа на полуфиналниот куп натпревар Пелистер – Силекс, а на трибините многу познати битолчани.

Меѓу оние кои се најредовни “на фудбал“ на трибините денес беа познатите битолчани Папало, Митко – архитекто и Васичо, кои како самите ни рекоа, заедно тројцата имаат повеќе 150 години “работен стаж“ на трибините.

-Сме го гледале Пелистер на илјада “утакмици“, од Македонска лига, Втора лига, Југословенска лига, Прва македонска лига, неколкупати втора лига, но за жал повторно од на есен во Втора лига. Но, не се предаваме, ќе ја догледаме оваа сезона, а наесен се враќаме на стадион, и ќе чекаме прволигашки фудбал под Тумбекафе, и ќе се преселиме на новата трибина, вели Митко Ивановски, кој добро ја познава не само фудбалската, туку и историјата на Битола во последните 50-60 години.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »