Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 во Битола рутински го победи Охрид (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 26:22 (13:9)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола, гледачи: 500
Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов 

Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски 1, Јовановски, Ристевски, Николовски, Илиев, В. Димитровски 3, Петровиќ 4, Димитриоски 4, И. Димитровски, Стоилевски, Пет. Атанасијевиќ 4, Ѓорговски 7, Белистојановски, Ѓукиќ 2, Табаковски, Арсеновски

Охрид: Брауновиќ, Ацев, Андоноски 3, Кривокапиќ 4, Костов, Шипинкоски, Николов 2, Шилегов 4, Шулески 1, Младеновиќ 1, Ни. Ристески 1, Тасески 1, Грубор 3, Манасков 1, Ивановски 1, Н. Ристески.Еурофарм Пелистер 2 во рамките на 5. коло од плеј-офот ги освои и равите бодови, победувајли ја во Битола, екипата на Охрид со резултат 26:22, полувреме 13:9.На стартот на првото полувреме бележиме добро организирана одбрана кај двете екипи, а во таква игра домаќините имаа водство од 4:2.  И по тајм-аутот на охриѓани, “пелистерци“ продолжије со дисциплинираната одбрана, надополнета со одбраните на Трајковски, играта на Ѓорговски и Димитровски во нападот, по што следуваше водство од +5, а на одмор се отиде со +4 (13:9).Екипата на Еурофарм Пелистер второто полувреме го одигра рутински, како искусна екипа која не му дозволи на Охрид да дојде до игра која ќе донесе резултатски пресврт. “Пелистерци“ одржуваа 4-5 гола предност, а по 10 минути гостите дојдоа до најниски -3, н за брзо време беше +6 за Еурофарм Пелистер, 22:16. Во финишот на натпреварот сите ракометари добија шанса од Јовиќ да бидат на паркетот.Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беше Ѓорговски со 7 погодоци, а  Димитриоски, Петар Атанасијевиќ и Павле Петровиќ погодија по 4 пати.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »