Денес се афалтираше улицата “Солунска“ во Битола, со што се завршува втората делница, предвидена со проектот за реконструкција. Овој проект, опфати реконструктивни зафати на водоводната мрежа, мешовитата канализациона мрежа и поставување на нов коловоз.
Улицата “Солунска“ е дел од проектот “Изградба, реконструкција и рехабилитација на 23 улици“, за кој градоначалникот Коњановски, најави дека ќе биде завршен оваа градежна сезона.