Студентите од Правниот факултет при УКЛО, заедно со професорите Станојоска и Илијевски, во рамките на предметните програми по Организиран криминал и корупција и Криминологија, беа во посета на Државната Комисија за спречување на корупцијата. Нашите професори и студенти беа примени од потпретседателот на Комисијата, неколку членови и генералната секретарка. За време на посетата студентите беа запознати со надлежностите, работата и предизвиците со кои се соочува Комисијата, додека беше развиена и дискусија поврзана со соработката со државните институции при случаи на можни коруптивни дејствија, како и новиот Закон за лобирање кој набрзо треба да биде донесен.Студентите на Правниот факултет при УКЛО заедно со професорите Илијевски и Станојоска, беа гости на Клубот за младински прашања и политики, каде беа примени од пратеничките Моника Зајкова и Марија Петрушевска. На средбата се разговараше за условите на универзитетите, мерките за млади, дигитализација на високото образование и други прашања поврзани со предизвиците со кои се соочуваат младите луѓе во текот на студирањето и потоа, како и за можни идни иницијативи и идеи за соработка.

Студенти од Правен во посета на Државната Комисија за спречување на корупцијата и Клубот за младински прашања и политики
More from ВестиMore posts in Вести »
- ФК Пелистер со реакција на судењето по денешниот натпревар во Охрид
- Промовирани две јубилејните изданија на списанието “Современи дијалози“ (фото)
- Меѓународниот ден на надареност и талентираноста одбележан на Педагошкиот факултет при УКЛО Битола
- На дербито во Охрид, пораз на Пелистер од Воска
- МКЦ Битола со иницијатива за креирање на нова стратегија за волонтерство за Општина Битола (фото)