Press "Enter" to skip to content

Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола го одбележа 25 април, Денот на основањето

По повод 25 април, Денот на основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, одржана е заедничка свечена седница на Управата и Универзитетскиот сенат.

Ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски обраќањето го посвети на академската заедница и упати  благодарност за сите што биле и се дел од неа – студенти, професори, соработници и вработени. Тој нагласи дека УКЛО има солидна база и академска подлога за новиот менаџмент, за следното раководство, најавувајќи го почетокот на постапката за избор на нов ректор, процедура која на еден симболичен начин се соедини со пригодниот настан.Формалното конституирање на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола се  одржа на 25 април, 1979 година од кога започнува развојот на УКЛО, веќе 43 години. На Основачкото собрание беше потпишана Самоуправна спогодба за здружување во Универзитет од 6 високообразовни и 2 научни институции: Технички факултет – Битола, Економски факултет- Прилеп, Правен факултет – Битола, Факултет за туризам и угостителство – Охрид, Педагошка Академија- Битола, Институт за тутун – Прилеп и Хидробиолошки завод- Охрид.Во рамки на чествувањата, на 19 април 2022 г. одржана е промоција на осум доктори на науки. Од основањето на Универзитетот до денес, докторирале вкупно 404 доктори на науки. 

По повод  25 април, Денот на основањето на Универзитетот„Св. Климент Охридски“ – Битола,  за студентите од УКЛО одржан е  Универзитетски турнир во мал фудбал.

More from ВестиMore posts in Вести »