Press "Enter" to skip to content

Фудбалерките на Топ гол со победа над Речица и во првенството

Топ гол – Речица 1:0 (0:0)

Нова втора победа на Топ гол над Речица но сега во рамките на 16коло од ПФЛ жени, со идентичен резултат од 1:0, полувреме 0:0, исто како во осмина финалеро од Купот, битолчанки со голот на Димитровска во 57 минута прокнижија нови три бода и се искачија место погоре на табелата. Ова е победа над директниот конкурент за избегнување на опасната зона. -Упатувам силни пофални зборови кон фудбалерките и кон мојот стручен штаб. Детално го анализиравме противникот во секој детал од претходниот натпреар. Увидовме дека од прекин на игра можиме да постигнеме гол и тоа се случи во 57 минута. Дисциплинирано и стрпливо изигравме до крајот на мечот. Ова е голема победа за нас зошто е над директниот конкурент за бегство од опасната зона. Судиската тројка одлично го водеше натпреварарот, а браво за двете екипи за фер-плеј односот за време на натпреварот, рече Кире Грбевски, тренер на Гоп гол.За Топ гол настапија: Талевска, Јанчева, Љондевска, Петровска, Трајчевска, Димитровска, Талевска, Давчева, Милевска, Марковска и Стојчевска уште играа Стевановска и Јовановска.На следниот натпревар Топ гол гостува во Скопје, кај ЖФК Скопје.