Велигден, еден ден од најголемите Христијански празници. Украсувањето секогаш изобилува со велигденски јајца во бои, велигденски зајачиња… најкреативните трпези.Слаткарниците “ГТ“ со голем асортиман торти, слатки десерти декорирани во духот на велигденските празници и пролетта со шаренилото бои.
-Нашите торти и десерти ги има во најразлични вкусови, а достапни се и во посна варијанта, со декорации инспирирани од убавината на пролетта, цвеќиња, животни…, велат од слаткарниците на “ГТ“ на Широк Сокак, кај Камен Мост и кај “Веро“.
Велигденските торти и десерти ќе бидат дел во празничната трпеза и ги има и во најмали димензии и можат да бидат прекрасен подарок во празничните денови кои доаѓаат….Ве покануваат од слаткарница “ГТ“, да ги посетите за празниците, со големиот избор на кафе уживате со сите сетила во слатките и десертите, а слаткарниците ќе работат во сите денови од Велигденските празници.