Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 4.284 тестови, а регистрирани се 99 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 23.
Регистрирани сe 148 оздравени пациенти од Битола се 26.
До сега во Битола има 15.216 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 124 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 3 починати лица, нема од Битола.
Направени се во Битола 63 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 55 и преку “Плодност“ 8.
Досега во земјата се направени вкупно 2.007.553 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.062, бројот на оздравени пациенти е 299.064, на починати е 9.271, а бројот на активни случаи изнесува 727.