Изложба на фотографии “Иднината во минатото“ ќе биде отворена вечерва, петок, 22 април, во 20.00 часот во Офицерскиот Дом – Битола. Целата поставка ќе биде префрлена од нареднот ден, 23 април во просториите на “Радост-кафе“, па се до 7-ми Мај, за сите останати заинтересирани посетители.
Низ еден визуелно-естетски, мисловен, перформанс, споделени се слики и спомени од Истокот. Визуелниот наратив, има за цел да не понесе кон едно мечтаење, за долго очекуваната иднина, која можеме да ја споредуваме само со досега искусеното минато.
Автор: Игор Трајковски Фоја, селектор на фотографии: Коста Дучинов, Креативна видео-монтажа: Кети Талевска Бакревска, Музика: Sweet Rapscallion, Естетски осврт: Филип Иванишевиќ.