По две години, во 2020 кога немаше и во 2021 кога со мал број верници беше одбележано Христовото погребени, годинава, лето Господово 2022 година, свештениците од битолската црква “Св. Недела“ во Битола, предводени од старешината на храмот, отец Пенчо Пусовски, заедно со големиот број верници кои беа присутни, вечерва го извршија Христовото погребение, кое го симболизира погребот на Христос, по неговото умирање, распнат на Светиот крст.Верниците се поклонија пред светата Плаштеница, а децата се провнаа под неа, оставија црвени јајца на масата и цвеќе.
Свештениците уште еднаш во текот на службата ги нагласија Христовите страдања и погребот кој се одржа петокот, бидејќи саботата беше неработен ден, проследени со црковна служба и црковни песни преку кои го раскажаа претходните денови, а и денешниот кој е најтажниот дек, Велики Петок, денот кога е погребан Исус Христос.
Како, што стои во Светото Писмо, дозволата за погреб ја дал Пилат, а фарисеите побарале стража на гробот на Христос, бидејќи тој најавил дека по три дена од смртта ќе воскресне.
Христос беше погребан во гробот, плочата запачетена, а пред неа беше поставена стража.
За време на службата голем број верници, претежно од овој дел на Битола, стрпливо ја слушаа, а дел и учествуваа во неа, а сите заедно три пати ја обиколија црквата “Св. Недела“ со што и симболично го извршија Христовото погребение.
Исто така беше и најавено Христовото воксресение.
Свештениците ги повикаа верниците на саботната утринска служба и на вечерната кога ќе биде соопштена најрадосната вест, дека Христос воскреснал.
Текст и фото: С. Ристевски