Пред најголемиот христијански празник Воскресение Христовo-Велигден, Универзитетското студентско собрание УКЛО од Битола, во соработка со Студентскиот дом – Битола на голема благодарност на директорката Соња Карапец, го одбележааа Велики Четврток со традиционалното бојадисување на јајца, симболот на новиот живот.-Денот на Христовото Воскресение пред се значи надеж, надеж која длабоко воскреснува во секој нас и на овој ден секој заслужува љубов, почит, внимание, да им подадеме рака на паднатите, да им залечиме рана на ранливите и да воскреснеме сите заедно со љубовта Божја поздравувајќи се со највеселиот поздрав -ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, рече Симона Наумовска, претседател на Студентското собрание и додаде:
-Го посетивме и ЈУ Дом за доенчиња и мали деца-Битола и беа донирани бојадисаните јајца, каде успеавме да украдеме насмевки од најмалите и најмилите. Детските срца се најчисти и во нив има безусловна љубов. Да се биде хуман е доблест, децата секогаш заслужуваат повеќе! Љубовта со љубов се враќа!
Заедно продолжуваме со нашите активности да воспоставуваме систем на заедништво и меѓусебна почит, како и градење на хуманистичко општество во полза на сите, порачаа студентите, честитајќи го Велигден на сите битолчани.

Студентите од УКЛО бојадисаја јајца и ги донираа во Домот за доенчиња и мали деца во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: Пелистер се пласира во Прва лига (фотогалерија)
- Во Битола сончево и топло со мала до умерена облачност
- Заврши фестивалот на монодрама во Битола, “Grand prix“ за “Едит Пјаф“ на театар “Годо“ од Букурешт (фотогалерија)
- Градско-братското дерби во Битола за поискусните Еурофарм Пелистер (фотогалерија)
- Битолски библиотекари на меѓународна конференција за библиотекари во Црна Гора