Press "Enter" to skip to content

Утре стартува реализацијата на проектот “Антициганизам во моето соседство“

Утре, сабота, во хотел “Миленим“ во Битола стартува реализацијата на проектот Ерасмус + “Антициганизам во моето соседство“, а тоа ќе биде прв настан.

Активностите ќе започнат со за запознавање со учесниците и градење на тимови, односно со вовед во “Еразмус +“ програмата.

Потоа ќе следува и предавање на тема “Вовед во антициганизам“, а ќе продолжи со Истражување за антициганизам, односно со Презентација на резултатите од истражувањето, а презентацијата ќе ја одржи м-р Сибел Бајрам, врснички едукатор за антициганизам.

На крај од утрешните активности ќе се разговата за рефлексија и евалуација.