Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер денес го играа првиот домашен натпревар од плеј-офот, Хот очекува сериозен пристап од сите

Денес продолжуваат натпреварите од кошаркскиот плеј-од, а екипата на Пелистер од Битола во рамките на второто коло ќе биде домаќин на незгодната екипа на ТФТ. Во последниот натпревар од регуларниот дел на сезоната, екипата на Пелистер во Битола ја победи екипата на ТФТ во инетересен натпревар во кој “пелистерци“ во последните две минути дојдоа до победата од  110:106, во натпревар кој беше со многу постигнати коша. 

Пелистер во Супер лигата беше лидер на табелата, а со оглед на тоа и со предноста на домашниот терен, “пелистерци“ се фаворити во Битола, претпазливоста по последниот натревар треба да биде на највисоко ниво.

За денешниот натпревар, во Битола, американскиот интернационалец Давид Хотон, вели:

-Добро тренираме и засилено се подготвуваме. ТФТ е добра и енергична екипа, многу трчаат и победија многу важни натпревари. Очекуваме сериозно да влеземе во натпреварот, бидејќи оваа екипа игра во одлична форма. За нас е најважно што сме здрави и комплетни. Јас не сум 100%, но напорно тренирам и се ставам на располагање на стручниот штаб.

Натпреварот се игра в сабота со почеток од 17:00 часот во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, се очекува многу публика, добар натпревар. Управата на клубот донесе одлука за продажба на комплет влезници за плеј-офот по симболична цена.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »