Press "Enter" to skip to content

Пелистер продолжува со победите во плеј-офот, во Битола победен ТФТ без тројца првотимци (фотогалерија)

Пелистер – ТФТ Скопје 83:64

Спортска сала “Боро Чурлевски“ во Битола, гледачи: 1.000

Судии: Мијалковски, Панов и Антовски

Пелистер: Стајиќ 13, Караџовски 4, Кесар 24, Младеновиќ 9, Младеновски 8, Пајиќ 12, Најдовски, Малешевиќ, Хаугтон, Крстајиќ, Гуровски 11, Трајковски.

ТФТ Скопје: Михаел 14, Костовски 8, Маслинко 1, Хортон 6, Смит 10, Ташовски 7, Матевски, Николов 13, Наумовски 2, Морган 3, Аргировски, Сапунџиев.Иако Пелистер настапи без недоволно залечените Малешевиќ, Крстајиќ и Хотон, а тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски, практично играше само со седум кошаркари на терен, сепак во Битола е победена екипата на ТФТ Скопје, во натпревар во кој гостите немаа шанса за пресврт, “пелистерци“ дојдоа до победа од 83:64.“Пелистерци“ пред околу 1.000 гледачи во Битола во првата чествртина играа многу подобра одбрана и водени од Игор Кесар во напад имаа постојана предност, но завршницата од првиот квартал донесе само поен предност за Пелистер, 19:18.Втората червртина започа со поен предност, но кон средината ТФТ поведе со 30:35, а Пелистер на мунута до крајот дојде до поен предност 40:39, а на одмор се отиде со резултат 44:41, со тројката на Ѓуровски на три секунди до крајот.Третата четвртина запопна со серија од 9:0 за Пелистер, 53:41, кои се покажаа како многи високи за ТФТ. 63:47 беше на минута и пол пред крајот на третиот квартал, а исто така со +16 се влезе во последната чествртина, 65:49.Последата четвртина беше рутинска за Пелистер во која разликата се зголеми и на повеќе од 20 поени. Следеше рутински последен дел, во кој лидерот замина на дваесет разлика 80:60, по што  ТФТ се предаде, а Пелистер славеше со 83-64.Најефикасен кај Пелистер Кесар со 26, а Стајиќ постигна 13 поени.