Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Александар Петровиќ правеше “скаутинг“ во Битола

Старо – новиот тренер на МЗТ Скопје Алекдандар Петровиќ го искористи престојот во Битола по повод Велигденските празници и денес попладне го гледаше натпреварот Пелистер – ТФТ Скопје.

Битолчани кои го препознаа познатото кошаркарско лице од Битола, тренер на Пелистер во едно убаво време пред 15-тина години и прокоментираа дека се надеваат и очекуваат борбата за тутулата да се води помеѓу екипите на Пелистер и МЗТ Скопје, а се радуваат што може да се каже битолчанец ќе биде на чело на спртивниот табор.

Љубителите на кошарката сакаат во Битола, на последниот натпревар, да се одлучи за титулата, а пехарот секако да остане во Битола.

Александар Петровиќ од пред извесно време е тренер на МЗТ Скопје, а какви информации понесе од “Боро Чурлевски“ останува да видиме.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »