Press "Enter" to skip to content

Во Офицерски отворена изложбатата “Иднина во минатото“ на Игор Трајковски Фоја, пренесена во “Радост кафе“ (фото)

Изложба на фотографии “Иднина во минатото“ на авторот, Игор Трајковски Фоја, беше отворена во Офицерскиот Дом во Битола, а целата поставка е префрлена во просториите на “Радост-кафе“ во Битола, се до 7-ми Мај, за сите останати заинтересирани посетители.Авторот Игор Трајковски Фоја од Битола, се потруди низ еден визуелно-естетски, мисловен, перформанс, да споделени слики и спомени од Истокот, преку визуелниот наратив, има за цел да не понесе кон едно мечтаење, за долго очекуваната иднина, која можеме да ја споредуваме само со досега искусеното минато, а на отворањето Фојата ќе рече:-Сметам дека времето е нај вредната валута. Можеме само да го трошиме, без никаква можност за надоканaда, се додека целонсо не го потрошиме. Времето било предмет на интерес за низа мислители, духовници, уметници па дури и секој еден од Вас. Фотографијата е таа, која може да откине миг од минливоста на времето и да го зачува, целовито. Мора да се сложиме дека изминатите 2-3 години, живеевме во новото секојдневие. Во кое беше умешност, да се одржи физичкото, а да не се наруши менталното здравје. Во иднината ваквото Човековот однесување ќе бисе забележани како засебн епизода во рамките на еволуција. Што тоа ќе значи за светот во кој ќе живееме, ќе покаже само судот на времето, а на прашањето зошто иложба на фотогррафии, зошто иднина во минатото, ќе додаде:-Изминатите година-две години работам на книга, која ќе се издава летово и за која ќе бидете известени. Во книгата, се навратив на мојот престој во Кина во 2019, кај Коцката и Мимоза. Уште по самото враќање од таму, бев фасциниран од новиот светоглед кој ми се отвори. Кон крајот на 2019 пробав сето та да го артикулирам во нешто слично на ова денес, но не се снајдов баш. Едоставно требаше да оставам да легне, да помине време, или што велат домакинките да си оди кај мајкаму. Сето тоа исуство таму го насловив како „ИДНИНА ВО МИНАТОТО“, едноставно тогаш бев На прв поглед бев фациниран од сето тоа што ми го приужи градот, Шенжен, кој делуваше како град од инината. Но како што откривав, делови од мозаикот, стануваше јасно дека таа идниа се изградила, на темелите на едно богато минато. Така и ја створив приказната за дрвото бамбус. За Велигден, ако се присетиме дека Исус смрта со Смрт ја победи. Тогаш останува на нас да ја победиме новата вистина со вистина, новото убаво со убавото, новото добро со доброто.Селекторот на фотографиите беше Коста Дупчинов, креативната монтажана видеото ја направи Кети.

Изложбата беше отворена со проекцијата на видео артот кој се третира како 17 поставка, после 16-те слики, уживајте во изложбата, а за изложбата беше испечатен каталог, кој може да го добиете во “Радост кафе“, каде сега се наоѓа изложбата.

More from КултураMore posts in Култура »