Екипата на Пелистер од Битола на последнито натпревар од плеј-офот во Битола ја победи екипата на ТФТ Скопје, а со тоа остануваат лидери и во Супер лигата, а секако како и најавуваат очекуваат и така да продолжат и по останатите, вкупно, осум натпревари.
Тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски, по завршувањето на вчерашниот натпревар не го криеше задоволството од победата, а осебно од тоа што 1.000 битолчани беа на трибинте, а како некои додаваат ако се оди се по планот, салата ќе биде полна во завршницата.Илиевски по победата над ТФТ Скопје рече:
-Голема работа е да се стигне до место во плеј-офот по само две кола во Суперлигата. Против ТФТ уште еднаш покажавме дека можеме да играме на највисоко ниво и покрај сите проблеми. Иако цела сезона имаме проблеми со повреди, обединети сме и тоа се гледа на натпреварите. Ќе се обидеме да ја осигураме предноста на домашен терен и во плеј-офот. Квалитетот на овој проект се гледа и со се поголемиот број гледачи на трибините. Верувам дека како што ќе одминува сезоната така и поддршката ќе биде уште поголема. Денес навивачите ни дадоа сила за да ги надминеме сите проблеми и нивната поддршка ни помогна да дојдеме до победата и без тројца стандардни кошарари. Честитки за велигденските празници на сите кошаркарски вљубеници, особено на битолската публика.