Press "Enter" to skip to content

Фото вест: плоштадот “Магнолија“ претесен за сите кои синоќа на полноќ го славеа Христовото воскресение во Битола

Ако две години претходно регистриравме пуст град, празен плоштад “Магнолија“, неколку мина верници по црквите за Христовото Воскресение, синоќа повторно “слика“ која сите ја во Битола посакувавме.

Илјадници битолчани присутвуваа на Велигденските служби, а во Битола традиционално најмноги верници имаше во и околу црквата “Св. Димитрија“, на плоштадот “Магнолија“, во паркот кај граскиот часовник, по Широк Сокак…

Секако најброни беа младите, а највозбудени беа тинејџерите кои оваа година за прв пат, по две години мерки поради пандемијата, за прв пат имаа прилика да бидат дел од овие битолски велигденски празнувања.

Фотографијата направена од терасата на ресторанот “Белведере“ ни доловува само мал дел од тоа колку народ синоќа имаше во Битола, на Христовото Воскресение.

Фото: С. Ристевски