Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: едни се степале на фудбал на “Тепсија“, а други во угостителки објект

На 23.04.2022 во 20.10 часот Р.А. (24) од Битола пријавил дека околу 17.50 часот на игралиште лоцирано на место викано „Тепсија“во населба Баир-Битола, по претходна расправија при играње фудбал, физички бил нападнат најпрво од едно лице, а потоа истото лице било нападнато и од други две лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 24.04.2022 во 03.25 часот било пријавено дека во угостителски објект во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу две лица на возраст од 21 и 26 години, и двајцата од Битола. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »