Преселбата од Битола во нови клубови која ја најавија неколкумина ракометари на Еурофарм Пелистер ја продолжува и десното крило, интернационалецот Јосип Божиќ-Павлетиќ.
Францускиот лигаш, Трембле од Франција, на својата официјална веб страница и социјалите мрежи го најави доажањето на хрватскиот репрезентативец, и му посака добредојде за наредната сезона.
Хрватскиот ракометар Јосип Божиќ-Павлетиќ во Еурофарм Пелистер играше само една сезона, а со францускиот второлигаш потпиша договор до 2024 година. Во Еурофарм Пелистер додје од Гепинген.