Press "Enter" to skip to content

За три дена во Битола 15 нови позитивни на ковид-19, оздравени 29, починато 1 лице, активни 110 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 22.04 до 24.04.2022), направени се 3.722 тестови, а регистрирани се 147 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 15.

Регистрирани сe 238 оздравени пациенти, од Битола се 29.

До сега во Битола има 15.232 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 110 случаи.

Во текот на изминатите 3 дена (од 22.04 до 24.04.2022) се регистрирани 2 починати лица, нема од Битола, а од Мој Термин, дополнително се регистрирани 3 починати, од Битола едно лице на 73 години.

Направени се во Битола 82 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 53 и преку “Плодност“ 29.

Досега во земјата се направени вкупно 2.011.275 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.208, бројот на оздравени пациенти е 299.302, на починати е 9.276, а бројот на активни случаи изнесува 630.