Press "Enter" to skip to content

Збирката поезија “Лирски Елегии“ на Александар Саша Трајковски објавена на англиски јазик

-„Лирски Елегии“ збирката поезија на македонскиот поет и доктор Александар Саша Трајковски од Битола објавена на англиски јазик во превод на Зорица Врчковска.

-Наградуваната збирка поезија „Лирски Елегии“ деновиве беше објавена на повеќе платформи за книги на англиски јазик.

“Лирски Елегии” или “Lyric Elegies” е достапна во печатена и електронска форма преку сајтовите на aBarnes & Noble, ланец од книжарници ширум САД, Apple Books, Smashwords и други платформи за литература во печатен и дигитален облик.Романот може да се добие во печатен облик во книжарниците на овие платформи или во дигитален формат преку онлајн нарачка, како и преку Амазон.

Преводот на книгата од македонски на англиски јазик и лектурата на англиски јазик е дело на Зорица Врчковска.

Македонското издание на книгата со лектура на Христијан Аџиоски беше објавено во 2021-та од Издавачката куќа „Дата Песнопој“.

More from КултураMore posts in Култура »