Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: приведен битолчанец за издржување казна затвор од две години

На 26.04.2022 во 21.10 часот во село Волково, скопско, полициски службеници од Оперативен тим Потраги при СВР Скопје лишиле од слобода 37 годишно лице од Битола, со живеалиште во Скопје.

Битолчанецот бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 од Кривичниот законик, информира МВР.

Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

More from ВестиMore posts in Вести »