Press "Enter" to skip to content

Во Битола 18 нови позитивни на ковид-19, оздравени 32, активни 83 случаи

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.760 теста, а регистрирани се 89 нови случаи на Ковид-19, од Битола се 18.

Регистрирани сe 156 оздравени пациенти, и тоа од Битола се 32.

До сега во Битола има 15.253 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 83 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица.

Направени се во Битола вчера 48 ковид теста преку  ЦЈЗ Битола 39 и преку “Плодност“ 9.

Досега во земјата се направени вкупно 2.013.928 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.310, бројот на оздравени пациенти е 299.539, на починати е 9.278, а бројот на активни случаи изнесува 493.

More from ВестиMore posts in Вести »