Денес на пладне, во просториите на Ракометната федерација на Македонија се извлекоа полуфиналните парови од ракометниот Куп, а двете екипи од Битола ќе имаат простивници од Скопје.
Во салата Јасмин во Кавадарци, екипата на Еурофарм Пелистер ќе игра против екипата на Бутел, а екипата на Еурофарм Пелистер 2 ќе игра против екипата на Вардар 1961.
Финалните натпреаври од овогодинешното издание на Купот ќе се одржи викендот од 13 до 15 мај во салата „Јасмин“ во Кавадарци, а полуфиналето на 13 мај од 17 и 20 часот.