Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со победа во Кавадарци ќе го чека мечот за титула во Битола

Тиквеш – Еурофарм Пелистер 26:32 (16:15)

Спортска сала „Јасмин“ – Кавадарци, гледачи: 1.000
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски

Тиквеш: Стојановски, Панов, Колев, Дрогришки 5, Темелкоски 3, Велков, Соколов 1, Иванов, Стефановиќ 2, Гошевски 1, Милков, Кондев 3, Окардов, Коцев, Симиќ 5, Трпчевски 6

Еурофарм Пелистер: Секељи, Кизиќ, Ивановски, Мараш 1, Ојлески 4, Маркоски, Маџовски 2, Кукуловски, Мандалиниќ 9, Радовиќ, Танкоски, Костески, Божиќ Павлетиќ 13, Граџан 2, Обрадовиќ, Табоада 1.

Екипата на Еурофарм денес ја победи екипата на Тиквеш во Кавадарци и без ниту еден пораз во плеј-офот од шест кола, влегува во следниот натпревар во Битола, против Вардар, в недела кога и ќе се одлучува за титулата.

“Пелистерци“ имаа проблеми во првото полувреме, кавадарчани играа добро, а на одмор домаќините имаа гол предност, 16:15. 

Во вториот дел следуваше добра игра на Еурофарм Пелистер и се случи резултатаски пресврт, а поведоа и со +3, а до крајот Тиквеш не успеа да направи ништо повеќе отколку чесен пораз, 26:23.

Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше Јосип Божиќ Павлетиќ со 13 голови, а Мандалиниќ постигна 9.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »