Press "Enter" to skip to content

Пораз на Пелистер во Битола со тројка на Гостивар во последните секунди (фотогалерија)

Пелистер – Гостивар 71:72

Во рамките на 3. коло од плеј-офот во кошарка екипата на Пелистер е поразена дома, во Битола со поен разлика, со кош од тројка од табла на 9 секунди пред крајот на натпреварот од екипата на Гостивар, во натпревар со малку постигнати поени. Екипата на Пелистер започна добро, а на средината  на првата четвртина имаше +2 (14:12), за потоа Гостивар да израмни на 15:15. На крајот Пелистер заврши со +4 (21:17).Втората четвртина започна со кош на Пелистер за 23:17, а потоа следуваше тежок период за Пелистер. Екипата на Гостивар, дојде до 23:36, на 3 минути до крајот. Во тој период гостите постигнаа 19 поени, а Пелистер ниту еден. На одмор се отиде со резултат 25:40, или -15 за Пелистер.Третата четвртина Илиевски ја започна со пресинг по целиот терен, а как резултат на таквата игра Пелистер изедначи на 47:47 во 27 минута. До крајот на третиот дел двете екики постигна по 5 поени за нерешено 52:52 и неизвесна четврта четвртина.По 4 минути игра во последната четвртина Гостивар имаше +7 (52:59), а на две минути до крајот Пелистер имаше реми 69:69. Потоа Пелистер имаше и водство 71:69 и напад за +4, но не искористи. Од другата страна Гостивар преку Ефремовски погоди луда тројка за победа на 8 секунди. Последниот напад за победа Пелистер не го искористи, и остана 71:72.Најефикасни кај Пелистер беа Малешевиќ со 21 и Стајиќ со 15 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »