Универзитетот “Св. Климент Охридски“- Битола отпочна постапка за избор на Ректор на слободни непосредни и тајни избори од страна на членовите на наставно-научните, научните и наставничките совети на единиците, за време од три години, односно за период од 01.10.2022 до 30.09.2025 година.
Според конкурсот кандидатот за Ректор, треба да ги исполнува следните услови да е државјанин на Република Северна Македонија и да е редовен професор и да предложи програма за работа и развој на Универзитетот за мандатниот период од три години.
Кандидатите за Ректор треба да ги достават потребните документи во оригинал или копија заверена кај нотар, во печатена форма, во рок 12 дена по денот на објавувањето на Јавниот оглас. Изборот на кандидатот ќе се изврши во согласност со одредбите на Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола.
Изборот на слободни непосредни и тајни избори ќе го вршат членовите на наставно-научните, научните и наставничките совети на единиците, односно членките на УКЛО-Битола.