Press "Enter" to skip to content

Граѓанско-политички-вело-компромис на 62. вело критична маса во Битола (фотогалерија)

Како и секој последен четврток, денес се одржа традиционална во Битола се одржа 62. критична маса, со старт на плоштадот “Магнолина“, во организација на “Битола на точак“, на која учествуваа повеќе од стотина велосипедисти од Битола, кои секојдневно “точакот“ го користат како превозно средство.На оваа вело-критична маса, како рекоа организаторите имаат политички компромис, бидејќи заедно со оние кои редовно се на овој настан се и политичарите, од сите политички партии и тоа дава надеж дека велосипедитите во Битола ќе имаа подобро услови во сообраќајот,  а секако и надвор од него.На овој настан беа присутни и ја извозе целата планирана патека, градоначалникот на Битола – Тони Коњановски, неговиот заменик – Бојан Бојковски, претседателката на Советот – Габриела Илиевска, советници од позицијата и опозицијата, претседателката на Комисијата за безбедност на Советот на Општина Битола – проф. д-р Јасмина Буневска Талевска.Но, најповеќе радува тоа што во денешната критична маса имаше голем број на деца кои со своите велосипеди со родители или во група ја извозија петеката, а како рече организаторот ова денешно возење нема натпреварувачи карактер, не е трка, туку еден начина велосипедистите да потсетат уште еднаш дека се дел од сообраќајот.Сите заедно порачаа дека кога ќе видат политичар или други носители на одлуки да им кажат зошто е важно поттикнувањето на граѓаните да се движат на “точак“ наместо во автобили, бидејќи одлуките дали ќе се подобрат условите за возење велосипед зависат од нив.-Еве и по осумгодини, градот не само што се соочува со истиот проблем туку почнува немилосрдно да се бори со наглото зголемување на бројот на возила, што создава дополнителен загушлив сообраќаен метеж, а граѓаните кои сакат да бидат активни и да се движат на алтернативните начини, да бидат фрлени во оган заедно со тешкашите на коловозот. Она што очекуваме од локалните јавно избрани функционери, е да покажат елементарен осет за безбедно движење низ градот и да инвестираат во одржливи начини на движење преку безбедна и удобна пешачка и велосипедска инфраструктура, стоеше напишано во највата за оваа 62. по ред критична маса.Учесниците на 62.  критична маса, денес се движеа од плоштадот “Магнолија“, возеа по Булеварот “1 Мај“, улицата “Васко Карангелевски“, “Партизанска“, до Спортската сала “Боро Чурлевски“, каде ја направија традионалната заедничка фотографија.

С. Ристевски