Press "Enter" to skip to content

“Мотоцентар“ со донација за Домот за доенчиња од Битола

Домот за доенчиња од Битола доби за своето службено возило, со кое ги возат малите жители на овој дом, гуми од брендот “Rilken“ за безбедни патувања од страна на компанијата “Мотоцентар“.

Но, освен оваа донација компанијата подари и играчки за децата за возраст од 0-4 години кои се згрижени во овој дом со една цел, да украде насмевки на нивните лица пред празниците.Донацијата е предадена пред сервисниот центар на “Мотоцентар“ во Битола.

Инаку оваа македонска комапнија која има повеќедецениска успешна работа во светот на пневматиците е позната по нивната хуманост, особено насочена кон ранливите групи и кон децата.