Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пожар на тераса од стан, мајка пријавила напад од син, физички напад со тврд предмет

На 27.04.2022 во СВР Битола било пријавено дека на улица „Димче Лахчански“ настанал пожар под тераса од стан на приземје од станбена зграда, при што биле оштетени два стана на приземјето. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил локализиран, а  повредени лица нема. Увид извршила екипа на СВР Битола. 

На 27.04.2022  во СВР Битола, 54-годишна жена од Битола пријавила дека во домот била физички нападната од нејзиниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 27.04.2022 во 21.30 часот во СВР Битола, З.К. (55) од Битола пријавил дека околу 14.00 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ физички бил нападнат од едно лице, кое употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

More from ВестиMore posts in Вести »