Press "Enter" to skip to content

Утре од 12 часот продажба на влезниците за Еурофарм Пелистер – Вардар

РК Еурофарм Пелистер ги известува своите симпатизери, навивачи и приврзаници дека билетите за натпреварот од шестото коло на плеј-офот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 ќе бидат пуштени во продажба в петок во 12:00 часот на следните локации:

-S-Travel

-ДИМПО Тобако

-Бродерс Тобако

Сите корисници на сезонски билети имаат приоритетно право за купување на два билети.

Истите може да ги подигнат во “S-Travel“ в четврток од 16:00 до 19:00 и в петок од 10:00 до 12:00 часот со доказ дека го поседувале сезонскиот билет.
За овој натпревар нема да се продаваат билети преку Интернет.

Цената на билетот изнесува 200 денари.