За недела, 1 мај, е закажано големото македонско ракометно дерби, во Битола, во салата “Боро Чурлевски“, каде по повеќе години во еден натпревар ќе се одлучува кој ќе биде новиот шампион на Македонија, а идната година ќе ја претставува државата во Лигата на шампиони на Европа.
Ракометно дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, кое има голема важност за двете екипи Еурофарм Пелистер и Вардар на три кола до крајот на шампионатот сосема очекувано ќе ја судат напите најдобри ракометни судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои ќе обезбедат ракометна правда на паркетот на кој ќе има тензија, нервоза, многу борба, дуели.
Делегат на натпреварот ќе биде Дарко Камишевски, а контролор Камер Металари.