Press "Enter" to skip to content

Протест на членовите на СОНК на “Магнолија“ во Битола, побарана оставка на Јаким Неделков и целото раководство (фото)

Вечерна на плоштадот “Магнолија“ во Битола се одржа мирен протест, кој како рекоа дел од нив се случило спонтано собирање на просветните работоници и вработените во градинките.За вечерашниот протест, Никола Пискачев, наставник во ОУ “Стив Наумов“, кој беше единствен говорник рече:-Ова е спонтан собир на кој прво сакам да изразам поддршка до колегите кои вчера се организираа во Скопје. Ние сме собрани тука да го изразиме својот револт и да искатнеме некои барања. Тое оставка на Јакин Неделков од челната позиција на СОНК со целото раководство, избирање на ново раководство кое ќе ги продолжи преговорите со Владата до остварување на нашите конечни барања според Колективниот договор и додаде:-Ние не сме пазарџии да се ценкаме за проценти, туку според колектовниот договор има точно пропишани барања, кои можат да ги коментираат правници и според тоа да одиме да ги исполниме нашите барања. Меѓутоа претседателот Јаким своеволно три недели спплотеност на цела Македонија ги фрли во вода. Тој денес не нарече марионети, а ако ова што се случува на “Магнолија“ се марионети тогаш сме на различна страна. -Сплотеноста на наставниците и професорите е толку голема што напротив се закјаните позициите кон Владата. Доколку издржевме до крај верувам дека со Владата ќе изнајдевме решение и ќе ги решевме проблемите, рече Пискачев, а за реакциите на некои родители рече:-Сведоци сме на коментари на наша сметка, но има од друга страна и голема поддршка од други родители кои сметаат дека нашите барање се исправни и точни. Оние кои не коментираа поинаку, можат слободно да дојдат во училиштата да видат како работат нивните деца и напредуваат.За денешниот ден Пискачев рече дека според Законот за помирување кој е потпишан мораше да има настава, ние ја одржавме наставата и гледате дека сме вон работно време спонтано собрани и го искажувеме нашиот револт се до остварување на нашите барања.

More from ВестиMore posts in Вести »