Press "Enter" to skip to content

СВР Битола со засилена контрола на моторциклисти, 41 санкционирани, три мотоцикли одземени

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 13.00 до 19.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 41 возач.

Од нив, 21 возач не користеле заштитна кацига за време на возење, осум возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.