Press "Enter" to skip to content

Борбено реми во Битола, Талевски од пенал на неколку секунди до крајот го обезбеди бодот (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 25:25 (11:11)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ во Битола, гледачи: 1.000
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески

Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски, Ристевски, Кузманоски 1, Николовски, Пав. Атанасијевиќ 5, В. Димитровски, Петровиќ 4, Димитриоски, И. Димитровски 1, Талевски 4, Стоилевски, Пет. Атанасијевиќ 1, Ѓорговски 1. Блажевски, Арсеновски 7, Ѓукиќ 1

Седмерци: 8/5, исклучувања: 8 минути

Тиквеш: Стојаноски, Панов, Колев, Дрогришки 6, Темелкоски 1, Велков, Соколов, Иванов, Стефановиќ 3, Гошевски 1, Милков, Кондев 3, Окардов, Коцев, Симиќ 9, Трпчевски 2
Седмерци: 4/3, исклучувања: 12 минути.

Во 7. коло од плеј-офот во Супер ракометната лига околу 1.000 гледачи во Битола гледаа борбен и до крај неизвесен натпревар во кој двете екипи Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш поделија по бод, а бодот за “пелистерци“ го обезбеди од пенал Стефан Талевски на неколку секунди до крајот. Со овој освоен бод екипата од Битола остана во борба за место кое ќе носи излез на европска сцена.Екипата на Еурофарм Пелистер 2 одлично го отворија натпреварот и по 2:0 дојода до 5:2, а на средината на полувремето беше 7:7.  Потоа “пелистерци“ дојдоа до нова предност од два гола, но на полувреме се отиде со реми, 11:11, но и со два повредени ракометари кај битолчани.Второто полувреме започна како и крајот на првото, изедначено, а предност од гол за домаќините, повторно не се зголеми, а Тиквеш поведи со гол предност по 10 минути игра, 18:19, но за брзо беше 20:20. Последните минути беа крајни нервозни за двете екипи, Еурофарм Пелистер промаши два седмерци, а Тиквеш водството од гол предност можеше да го претвори во два и да победи. Но, грешката на каварадчани беше шанса за “пелистерци“ за реми. Во последниот напад многу нерзвоза по ударот на Талевски во лице, а потоа следуваше пенал, кој го погоди Талевски за 25:5.Најефикасни кај Еурофарм Пелистер 2 беа Арсеновски со 7 и Павле Атанасијевиќ со 5 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »