Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со врнежи од дожд

Денес, сабота, 30 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 18 степени.

Утре, недела, 1 мај, во Битола, времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер во форма на невреме со појава на грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 17 степени.