По повод Градско-селски Велигден кој во Гени Мале во Битола има вековна традиција вчера во месноста “Кај Кајнако“ се одржа меморијалниот фудбалски турнир “Јоше Џентиле“ кој г организира фудбалскиот клуб Јени Мале, пред него се одржа црковна служба во црквичето “Пророк Свети Илија“, а потоа и забава за која се погрижи Никола Симоновски – Јошката.Меморијалниот турнир “Јоше Џентиле“ се одигра како ревијален натпревар помеѓу актовни фудбалери на Јени Мале и ветераните од оваа битолска населба. Натпреварот заврши нерешено 1:1, а по изведување на пенали посреќни беа активните фудбалери.
Никола Пискачев од ФК Јени Мале за овој традиционален турнир, кој се одржа на На малиот фудбалски стадион “Кајнак“ ни рече:
-Ова е четврт по ред турнир во чест на нашиот голем поддржувач Јоше Симоновски – Центиле кој доаѓаше со нас на сите терени каде настапувавме во општинските лиги, а беше и еден од оние кои не подржуваа во сите одлуки. За жал ова требаше да биде 6. по ред турнир, но поради ковидот две години не го одржувавме. И годинава не се огранизиравме најдбобро, бидејќи не знаевме какви ќе бидат условите поради протоколите, но се надеваме дека доо година кога ќе биде 5. по ред ќе бидеме поорганизирани и со нови содржини.
Фудбалерите и сите жители на овој дел од Битола на ваков начин му оддаваат почит на нивниот комшија и поддржувач, а оваа година беше присутни и синовите на Јоше Џентиле Николче и Благојче.
Николче -Јошката беше организатор на забавата и коктелот по завршувањето на натпеварот, а пред да им запее на своите комшии рече:
-Сакам прво да им се заблагодарам на градителите, во мое име и во име на сите од овој дел на Битола, Ице и семејството кои ја изградија оваа црква, а потоа и на Никола-Пискач и Благојче – Дугал кои го започнаа да го организираат турнирот “Јоше Џентиле“ кој заедно со сите фудбалери го одржуваа споменот за татко ми Јоше, кој како и самите рекоа беше голем вљубеник во фудбалот. Тука му се заблагодарувам на поддршката на Митко и Тони, како и порталот “Битолањуз“ кој е со нас цело време. Во чест на Јоше, а Гени мале и во чест на Градско-селско Велигден ќе одржам еден мал концерт за моите комшии, пријатели, а на лето се надевам на ова место ќе имам голем голем концерт за сите битолчани.

Меморијален турнир “Јоше Џентиле“, црковна служба и забава во Гени Мале, “Кај Кајнако“ во Битола (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Трет координативен состанок на проектот “Превенција и управување со прекугранични комплексни поплави и шумски пожари – СОЛВЕ“
- Во Офицерски дом неделава шах за ветерани, изложба на словенечки уметници и концерт на Камерниот оркестар
- Деновиве пред 10 години: Одбележување на 114 годишнината од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк (фото)
- Деновиве пред 10 години: стартуваше кампањата за локалните избори 2013
- Во Битола синоќа кошарка, на пладне фудбал, попладне ракомет, за 24 часа битолчани гледаа четири првенствени натпревари (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ФК Пелистер со реакција на судењето по денешниот натпревар во Охрид
- Промовирани две јубилејните изданија на списанието “Современи дијалози“ (фото)
- Меѓународниот ден на надареност и талентираноста одбележан на Педагошкиот факултет при УКЛО Битола
- На дербито во Охрид, пораз на Пелистер од Воска
- МКЦ Битола со иницијатива за креирање на нова стратегија за волонтерство за Општина Битола (фото)