Денеес во Битола на две локации беше одбележан Меѓународниот ден на џезот, “Jazz day“, со џез концерти во Офицерскиот дом и кафе-барот “Порта џез“, а во Офицерски беше отворена и фото изложба. Културно информативниот центар Битола во Офицерски дом го прослави Меѓународниот ден на џезот “Jazz day“, со џез концерт на “Сашо Поповски квартет“ и изложба на фотографии “Џезтетика“ како и презентација на истоимената книга од фотографот Татјана Ранташа.
Младински културен центар (МКЦ) – Битола, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на џезот 30 април, го организира концерт на “Тони Китановски Трио“ (Тони Китановски, гитара; Виктор Филиповски, тапани; Кирил Туфекчиевски, бас) во кафе бар “Порта Џез“ во Битола.
Овој ден ги сплотува нациите и општествата прославувајќи ја уметноста на џезот, потенцирајќи ја неговата важна улога во охрабрувањето на дијалогот меѓу културите и цивилизациите, промовирајќи го човековото достоинство.
Настаните беа реализирани со поддршка на Општина Битола и е дел од глобалната акција за прослава на Меѓународниот ден на џезот кој вклучува настапи и концерти во преку 100 земји во светот.

Со џез концерти во Офицерски и “Порта џез“ и фото-изложба, во Битола, одбележан меѓународниот ден на џезот (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: Пелистер се пласира во Прва лига (фотогалерија)
- Во Битола сончево и топло со мала до умерена облачност
- Заврши фестивалот на монодрама во Битола, “Grand prix“ за “Едит Пјаф“ на театар “Годо“ од Букурешт (фотогалерија)
- Градско-братското дерби во Битола за поискусните Еурофарм Пелистер (фотогалерија)
- Битолски библиотекари на меѓународна конференција за библиотекари во Црна Гора
More from КултураMore posts in Култура »
- Заврши фестивалот на монодрама во Битола, “Grand prix“ за “Едит Пјаф“ на театар “Годо“ од Букурешт (фотогалерија)
- Битолски библиотекари на меѓународна конференција за библиотекари во Црна Гора
- Вечер се затвора Фестивалот на монодрамата во Битола, 13 претстави конкурираат за наградата “Гран при“
- Завод и музеј со две изложби во Албанија и со официјализирана соработка на музеите од Битола и Драч
- Александар Стефановски, уметнички раковител на КУД “Илинден“: беше повеќе од предизвик да ги раскажеме градските приказни во Офицерски